дома Македонија МВР ce пoднoвyвa: Дoбивa нoвa coвpeмeнa фopeнзичкa лaбopaтopиja

МВР ce пoднoвyвa: Дoбивa нoвa coвpeмeнa фopeнзичкa лaбopaтopиja

– МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што ќе се утврдат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ваквиот концепт на форензичката служба, воедно, ќе овозможи непречено учество во регионални и меѓународни проекти, како и продлабочување на соработката со форензичките служби од регионот и ЕУ.

– Формирањето заеднички регионални форензички тимови, кои ќе работат по усогласени и стандардизирани постапки, ќе резултира во зголемена ефикасност и ефективност во истражувачката и откривачката дејност, изјави за МИА Спасовски.