дома Македонија МЕРКЕЛ МОРАШЕ ДА СЕ ЗАМЕША: Телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

МЕРКЕЛ МОРАШЕ ДА СЕ ЗАМЕША: Телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

Германската канцеларка, Ангела Меркел, разговарала телефонски со премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Темата и детали од разговорите не се соопштени.

Од прес-службата на Меркел потврдиле за германските медиуми дека канцеларката разговарала со двајцата премиери, без да соопштат детали.

Германските медиуми коментираат дека разговорите се извршени два дена откако Заев на македонската јавност ѝ соопшти дека предлогот за името е Република Илинденска Македонија и студениот туш од Атина преку одговор од грчката Влада дека треба да се најде име кое ќе има географска или временска одредница.

Меркел минатата недела на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија имаше одвоени средби со Заев и Ципрас, по што порача дека преговорите напредуваат. Меркел тогаш уште еднаш потврди дека преговорите на Македонија со ЕУ директно зависат од решението на спорот со Грција.