дома Европа Меркел: Heмa дa имaмe дoвoлнo вakцини нa пoчeтoкoт oд cлeднaтa гoдинa

Меркел: Heмa дa имaмe дoвoлнo вakцини нa пoчeтoкoт oд cлeднaтa гoдинa

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека властите во земјата нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со цел да направат пресврт во текот на пандемијата.

Таа пред Бундестагот посочи дека е можно да се намали смртноста, а исто така додаде дека ќе ги преземе сите мерки училиштата и градинките да бидат отворени, објави „Ројтерс“.

Меркел се согласува со препораките да се затворат продавниците во периодот од католичкиот Божиќ до 10 јануари, спротивставувајќи се на отворањето на хотелите, со цел да се спречи патувањето на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празниците.

Меркел рече дека досегашното искуство покажало дека вториот бран на пандемијата е посилен од првиот, додавајќи дека сè уште има премногу луѓе кои се заразени во Германија.

Таа рече дека граѓаните и покрај предуредувањата не ги намалиле контактите со другите во значителна мерка.