дома Социјални Мрежи „МЗТ“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ: Играчите немаат земено две плати, а раководството прави...

„МЗТ“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ: Играчите немаат земено две плати, а раководството прави трансфери на играчи

Кошаркарскиот клуб „МЗТ“ од Аеродром тоне во долгови, откриваат жителите на Аеродром, стравувајќи дека во клубот би можеле да се вратат времињата кога еден од најуспешните спортски клубови во земјава беше заглавен во долгови за комуналии и пропаѓаше

„Додека новото раководство на #МЗТ на чело со местачот Грне потпишува играчи за наредната сезона ,клубот тоне во долгови. Две плати од минатата сезона се должат на играчите. Кај се парите местачи? Се враќа ли клубот на старите патеки кога Панковски и Муратагиќ го заглавија со долгови за струја и вода повеќе од 400.000 евра ? Аеродромци, тешко ни се пишува со оваа неспособна и корумпирана багра !“ – пишуваат загрижените аеродромци во групата „Аеродром во моето срце“ на Фејсбук.