дома Македонија МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕМАЛ СМЕТКИ ВО СТРАНСТВО: Екс-министерот понуди потпис за...

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕМАЛ СМЕТКИ ВО СТРАНСТВО: Екс-министерот понуди потпис за доживотен затовр ако му најдат странска сметка!

Адвокатот на поранешниот министер Миле Јанакиески, Бранко Миланов по завршувањето на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на СЈО за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски, откако Јанакиески беше однесен назад во затворот во Шутка кај што е во притвор од вчера, пренесе порака од Јанакиески, објавува порталот Сакамдакажам.

-Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор, рекол Јанакиевски.

Утрово Јанакиески кога беше спроведен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на прашањето од судијата дали сега е во притвор одговори:

-За жал да. Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот, рече Јанакиески.