дома Политика Мисајловски до СДСМ и коалицијата: Пакувајте си ги куферите, сите ќе одите...

Мисајловски до СДСМ и коалицијата: Пакувајте си ги куферите, сите ќе одите во опозиција

– Многу е едноставно, на нив не им требаат парламентарни избори за да останат во власт. Просто и едноставно. Денеска ако ги погледнете од Али Ахмети до последниот во коалицја сите излегоа и кажаа не треба избори. Зошто? За да останат во Владата. Значи, они ќе се борат да останат власт, ама народот им кажа дека имаат црвен картон, дека повеќе не се почитувани и дека треба да заминат. Дали тоа тие со сила ќе го прават, ќе купуваат уште некој ден или плус минус време, само негативно ќе им се одразни. Пример, денеска ДУИ ги слушам мора да останат во Владата, па ќе одат во опозиција, што да кажат друго. Или не знам, некој коалиционер партнер што има неколку директорски позиции ќе оди во опозиција, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Тој им порача на сите од таа коалиција:

„Пакувајте си ги куферите сите ќе одите во опозиција.“