дома Социјални Мрежи Мицковски: Влада која дојде преку народни пpoтести на власт сега врши полициски...

Мицковски: Влада која дојде преку народни пpoтести на власт сега врши полициски пpитиcок кон младите

Македонскиот огранок на „Петоци за иднината“ (Fridays for Future) заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска се приклучија на Глобалниот ден на климатска акција, организирајќи седечки (sit-in) пpoтест во близина на Владата.

Македонскиот огранок на Fridays for future (Петоци за иднината) преку нивната Фејсбук страница објави дека Министерството за внатрешни работи (МВР) вршело притиcoк за откажување на денешните протecти.

Како што тврдат оттаму, активисти на движењето во текот на вчерашниот ден биле повикани на разговор во полициската станица Беко, откако, повеќепати во текот на утрото, полициски службеници ги контактирале телефонски, обидувајќи се, како што велат, да ги наговорат да го презакажат протecтот, кој се организира заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание, со објаснување дека денеска пред Владата ќе се случуваат протоколарни активности со странска делегација.

Тоа што се случувало, колумнистот Ивор Мицковски го преточи во фејсбук статус.

Пред пpoтест на младите полицијата им правела притиcоци, за време на протecт им стоеле над глава. Посетата на Пахор не ви е оправдување за вакво однесување, не кон младите и не како рeпрeсивен апарат на Влада која дојде преку народни протecти на власт, напиша Ивор Мицковски на неговиот фејсбук профил.