дома Македонија МИЦКОСКИ ИМ СЕ ОБРАТИ НА „ШАРЕНИТЕ“: Eпа шарени мои сограѓани, браќа и...

МИЦКОСКИ ИМ СЕ ОБРАТИ НА „ШАРЕНИТЕ“: Eпа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие!

Цели семејства вработени во државни институции на функции со високи плати, непотизам во секоја клетка на администрацијата, а оние кои се бореа за промена на власта, се уште седат дома и бараат работа во услови кога државата пропаѓа на економски план


„Околу неправдите и околу судството, сакам да кажам две работи. Сестрата директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет, а тоа е археологијата, образованието и историјата. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања. Мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, епа шарени мои, епа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие. За вакви кланови да ви се инсталираат, мајката, ќерката, таткото, сестрата, такви ги има стотици и од протест на протест ќе ги спомнуваме. За тоа трчавте пред две години и затоа ги фарбавте улиците, да седите вие дома, а они да уживаат во привилегиите. Тоа е истиот СДСМ од времето на транзицијата кој што пљачкаше и хараше, тоа се тие истите луѓе.“ – рече Мицкоски.