дома Македонија МИЦКОСКИ: Македонија ќе треба од пепел да ја креваме

МИЦКОСКИ: Македонија ќе треба од пепел да ја креваме

Ги слушам Заев и Пендаровски како повторно се обидуваат да играат на картата на кратко помнење, се обидуваат со некоја шарена лaгa, ветувајќи им на граѓаните дека ќе оделе напред. Заев и Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка, евро по евро во торбичето укpaдени пари од граѓаните, а овој другиот слугувајќи му на Заев ќе не убедува дека не чека блескава иднина, само требало него да го избереме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во О. Центар.

Првиот голем чекор на народот ќе биде на 21 април, вториот на 5 мај со победата на претседателските избори, а третиот ќе биде победа на предвремените парламентарни избори и формирање на влада на РМ која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш ќе започне вистинската битka за Македонија на секое поле за секој еден човек, затоа што ќе треба од пепел да ја креваме Македонија, додаде Мицкоски пред центарци.