дома Хроника Момче и девојче нападнати пред влез на „Партизанска“

Момче и девојче нападнати пред влез на „Партизанска“

Шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар вчера биле нападнати од непознат сторител на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Разбојникот им пришол зад грб, во влез од зграда. Го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефона и 770 денари, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.