дома Спорт МУРИЊО ИЛИ КОНТЕ НА КЛУПАТА НА ИНТЕР: Директорот на Интер добил зелено...

МУРИЊО ИЛИ КОНТЕ НА КЛУПАТА НА ИНТЕР: Директорот на Интер добил зелено светло за нов кормилар на клубот од Милано

Бепе Марота добил зелено светло да стапи во контакт и да ја разгледа можноста за промена на тренерското место на клубот од Милано.

Последниот пораз на Интер на гости кај Торино го натерало раководството на клубот сериозно да размислува за освежување на тренерското место, отакако Интер продолжи да реди неуспеси во актуелната сезона.

Нераѕурите испаднаа од Лигата на шампионите, а полека но сигурно го губат чекорот и со лидерот на табелата во Калчото, Јувентус и второпласиораниот Наполи.

Во моментов Јувентус води на табелата со 59 бодови, втор е Наполи со 48, а Интер се наоѓа на третото место со 40 бодови.

Бепе Марота веќе стапил во контакт со Антонио Конте, а се очекува деновиве да биде разговарано и со миленикот на навивачите Жозе Мурињо.