дома КОВИД-19 (Коронавирус) Наградата на Заев: Здравствените работници заразени од koвид наместо зголемени добиле намалени...

Наградата на Заев: Здравствените работници заразени од koвид наместо зголемени добиле намалени плати

Жаклина Шопова, која, како што стои на нејзиниот фејсбук профил, е вработена во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во пост на својот профил сподели дека здравствените работници, не само што се далеку од ветената плата од 100 000, денари, не што не добиле од ветените бонуси поради макотрпната работа откако започна пандемијата, туку оние кои ја имале таа несреќа да се заразат од смртоносниот вирус, добиле намалена плата.

Ова ли е тоа што ни го ветивте г- дин премиер, г- дин министер за здравство!? прашува Шопова.


А синдикатот мудро молчи, најверојатно нема маски за да излезе на штрајк!, додава таа.