дома Балкан Над 5000 зapaзени во Србија, државата се спрeма за нови рecтрикции

Над 5000 зapaзени во Србија, државата се спрeма за нови рecтрикции

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 5.003 новозаразени со коронавирус, а починаа 28 лица.

Премиерката Ана Брнабиќ, по седницата на Кризниот штаб, изјави дека државата се подготвува за воведување на ковид – сертификати и дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена.

„Се подготвуваме за воведување ковид-сертификати, тоа е одлуката. Сертификатите ќе бидат за места како – ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани. Нема да биде за продажни места, бидејќи е нереално и неуставно”, рече Брнабиќ.