дома Хроника НАПАД ВРЗ ДОМ НА СКОПЈАНЕЦ: Фрлен молотов коктел врз куќа на скопјанец

НАПАД ВРЗ ДОМ НА СКОПЈАНЕЦ: Фрлен молотов коктел врз куќа на скопјанец

На улицата „Војвода Ивец“, непознат сторител кој управувал возило го запрел истото и откако излегол од него, фрлил сад со запалива течност, соопшти полицијата.

Дворот од куќата е во сопственост на С.Ц. (50), а непознатиот сторител го напуштил местото на настанот.

Била опожарена вратата од гаражата, но С.Ц. успеала веднаш да го изгасне огнот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.