дома Балкан На Дарко му е подобро, нема да остане без нога: Мајка му...

На Дарко му е подобро, нема да остане без нога: Мајка му и брат му добија добри вести!

Дарко Лазиќ, на кој докторите му ја извадија слезината поради крварење, денеска, како што неофицијално се дознава, повторно ќе биде опериран.

Пејачот после операцијата, се чувствувал мирно и неговата состојба е постабилна.

Во болницата стигнале неговиот брат Драган и мајка му Бранка, кои откако разговарале со лекарите, видно расположени излегле од болницата.

-На Дарко му е подобро, фала на Бога – рекла Бранка Лазиќ.

-Подобро му е, нема да му ја ампутираат ногата – рекол брат му Драган.