дома Uncategorized НА КРИВОЛАК СЕ ПУКА СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ?: Миленко Неделковски вели дека уште...

НА КРИВОЛАК СЕ ПУКА СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ?: Миленко Неделковски вели дека уште од рано изутрина се слушаат рафали!

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави ексклузивни информации дека се пука со осиромашен ураниум екстремно штетен за здравјето на луѓето. Тој вели дека уште од рано изутрина се слушаат рафали, а муницијата со осиромашен ураниум користена на Косово е причината за епидемијата на канцер во регионот. Неделковски истакна дека од радиоактивниот отпад загрозено е здравјето на жителите на Криволак, Пепелиште, Неготино, Градско, Росоман и Штип.

За крај тој заклучи дека за ,, умоболните излети на Шекеринска и Заев, жителите на овие места ќе ги платат со животите на своите деца. Оти радиоактивноста удира прво на бремените и новородените, кој се најмалку отпорни.’’