дома Локално НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ- Од 1 февруари новите електронски билети само со две возења

НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ- Од 1 февруари новите електронски билети само со две возења

Од први февруари сегашните електронски билети од 150 денари со пет гратис возења ќе се купуваат по иста цена, но ќе имаат две возења. Ова е новата промена на ЈСП и доаѓа по големата побарувачка на електронските картички, поради тоа што граѓаните по искористувањето на 5-те возења ја фрлале картичката место да ја надополнуваат.

Она што е многу важно за граѓаните е дека цените на билетите нема да поскапат.

Утринава гостин во вестите на ТВ Нова беше Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје.