дома Македонија НИКОЛОСКИ: Кичево, обединети и моќни против промена на името и обезличувањето на...

НИКОЛОСКИ: Кичево, обединети и моќни против промена на името и обезличувањето на Македонците

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски испрати моќна порака на својот Фејсбук профил во врска со опозицискиот митинг во Кичево. Тој вели дека кичевчани се покажале како обединети и моќни против промената на името и обезличувањето на Македонците, а во прилог на неговиот коментар одат и фотографиите од голем број на граѓани кои дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Интеренсо е што речиси сите знамиња на митингот беа со сонцето од Кутлеш, токму оној симбол кој доколку помине референдумот и Договорот од Преспа стапи во сила ќе биде забрането да се користи со Закон.