дома Актуелно Нова вojнa во Европа – Ерменија прогласи вoeнa состојба поради Нагорно-Карабах, се...

Нова вojнa во Европа – Ерменија прогласи вoeнa состојба поради Нагорно-Карабах, се пyka на границата со Азербејџан

Владата на Ерменија прогласи воена состојба поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно-Карабах, откако лидерот на Нагорно-Карабах најави општа мобилизација и воена состојба.

И владата на Ерменија прогласи општа мобилизација.

„Со одлука на Владата на Република Ерменија прогласена е воена состојба и општа мобилизација. Одлуката стапува на сила од моментот на објавување. Сите да се јават во своите воени отсеци. За татковината, за победа“ – напиша на Фејсбук премиерот Никол Пашињан.

Ерменските сили утринава соборија два азербејџански хеликоптери и три беспилотни летала, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степањан.

Таа облас, додава, била под воздушен и артилериски оган од страна на азербејџанските сили.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале долж линијата на раздвојување и дека има жртви меѓу цивилите.

Во меѓувреме, во непризнатата република Нагорно-Карабах воведена е воена состојба и прогласена е мобилизација.