дома Спорт Воена состојба: Црвена ѕвезда не патува во Ерменија

Воена состојба: Црвена ѕвезда не патува во Ерменија

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда во четврток треба да игра Во Ерменија од 16 часот, во плеј-оф на Лигата на Европа.

Мала е веројатноста дека шампионот на Србија ќе патува во Ерменија откако Владата на земјата прогласи воена состојба поради ескалација на состојбата во Нагорно-Карабах.

Прогласена е општа мобилизација, што значи дека српскиот шампион најверојатно нема да гостува на мечот на плеј-офот за Лига на Европа.

Арарат ќе мора да ја менува локацијата на домаќин. УЕФА е на потег, ќе мора да бара место на кое ќе биде одиграна средбата.