дома Актуелно Научниците со нови докази – „протекувањето на 5Г“ мрежата влијае на метеоролошките...

Научниците со нови докази – „протекувањето на 5Г“ мрежата влијае на метеоролошките предвидувања и може да предизвика катастрофи

„Протекувањето на 5г“ мрежата може да доведе до погрешни временски прогнози што би можело пак да доведе до катастрофални последици во иднина, покажува новата студија на начуниците од универзитетот Ругерс.

Истражувањето, кое овој месец беше рецензирано и доставено на Светскиот форум ИЕЕЕ 5Г 2020, треба да го проучи влијанието на „протекувањето на 5Г“ – појава кога зраќењето од предавателите случајно се емитува и во соседните фрекфенциски канали или опсези.

Бидејќи 5Г фрекфенцијата може да „протече“ во опсегот на временските сензори и набљудувачки сателити, кои ја мерат количината на водена пареа во атмосферата, тоа би можело да смета на точноста на податоците кои метеоролозите ги собираат за предвидување на временските модели, сугерира студијата.

Истражувачкиот тим користел модел на ширење од прв ред со цел мерење како тоа влијае на точноста на временските предвидувања во однос на избивањето на торнада во „супер вторник“ – настан кој во САД се очекува секоја година.

Истражувањето заклучува дека од „протекувањето на 5Г“ влијаело на прецизноста на предвидувањето на врнежите од дожд за време на торнадата од 0.9 милиметри и на точноста на предвидувањето на температурите до 1.3 целзиусови степени.