дома Македонија ОБСЕ/ОДИХР од денеска почнува со набљудувањето за изборите

ОБСЕ/ОДИХР од денеска почнува со набљудувањето за изборите

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално ќе го почне набљудувањето за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември.

Каетана де Зулуета, шеф на набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, денескана конференција за медиумите ќе ја претстави улогата на мисијата и претстојните активности.

Де Зулуета, неодамна е назначена за шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија на местото на амбасадорот Јан Петерсен, кој требаше да биде на чело на мисијата за претходните термини на изборите, што беа одложени.