дома Свет ОБЈАВИЛА ФОТОГРАФИИ ОД НЕЈЗИНАТА ВЕНЧАВКА: Добила отказ од работа

ОБЈАВИЛА ФОТОГРАФИИ ОД НЕЈЗИНАТА ВЕНЧАВКА: Добила отказ од работа

Учителката од прво одделение, Џоселин Морфи, останала без работа во католичкото училиште Св. Петар и Павле во Мајами откако објавила фотографија од својата венчавка.

,,Овој викенд се омажив за љубовта на мојот живот. За жал, поради тоа и добив отказ од работа. Во нивните очи јас не сум вистински пример за католик поради изборот на партнерот“, напишала учителката која во ова училиште работела 7 години и била водителка на хуманитарните акции „Подучувај надеж“.

Имено, таа се омажила за својата партнерка Наташа Нас со која била во врска 2 години и тоа не му се допаднало да управниот одбор на училиштетото.

Разочараните родители веднаш организирале протест и барале објаснување поради што учителката добила отказ, но објаснување не добиле.

„Нашата единствена грижа е каква е таа со децата, а многу внимателна и грижлива и е најдобра учителка во целото училиште“, рекол еден од родителите.