дома Временска Прогноза ОД ПОНЕДЕЛНИК СТУДЕНИ ДЕНОВИ: До недела топло, идната недела пад на температурите...

ОД ПОНЕДЕЛНИК СТУДЕНИ ДЕНОВИ: До недела топло, идната недела пад на температурите за 10 степени

Утре дневната температура ќе достигне до 27 степени, а в петок до 26 степени. В сабота до 23 и в недела до 21 степен.

Топлото време за овој период од годината со температури над 20 степени ќе се задржи до петoк, а за време на викендот ќе има опаѓање. Метеоролозите најавуваат за утре преодно наоблачување со појава на краткотраен дожд во попладневните часови.

Утре дневната температура ќе достигне до 27 степени, а в петок до 26 степени. За викендот – в сабота до 23 и в недела до 21 степен.

Позначителна промена на временската состојба се очекува од почетокот на наредната недела кога температурите ќе се спуштат за 10 степени. Од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба. Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

В понеделник температурата ќе се движи од 7 до 11 степени, а во вторник од 9 до 13 степени.