дома Македонија ОД ШУПЛО ВО ПРАЗНО: Дел од разрешените потпретседатели на СДСМ можат да...

ОД ШУПЛО ВО ПРАЗНО: Дел од разрешените потпретседатели на СДСМ можат да се вратат

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, не ја исклучува можноста paзрешените потпретседатели на СДСМ да бидат вратени.

,,Како одговорна партија оставаме во рамките на одлучувањето на претседателот, на заменик претседателот на СДСМ, во разговори и со партиското членство да одлучиме околу новиот состав на раководството на СДСМ. Претпоставувам дека така треба да се случува. Не ја исклучувам можноста на дел од функционерите кои што депонираа ocтавки, дел од нив да бидат и вратени на позиција. Не знам зошто би се исклучило како можност”, рече Костадинов.