дома Локално ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ” ПОБЕДНИЦИ НА УЧИЛИШНИОТ ФУДБАЛСКИ КУП НА КАРПОШ

ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ” ПОБЕДНИЦИ НА УЧИЛИШНИОТ ФУДБАЛСКИ КУП НА КАРПОШ

Во финалниот натпревар кој се одигра денеска на спортското игралиште во населбата Влае, учениците од ООУ „Владо Тасевски” ги совладаа своите ривали од ООУ „Аврам Писевски” и го освоија училишниот фудбалски Куп, кој по четврти пат го организира Општина Карпош, по повод роденденот на локалната самоуправа 3. ноември.

Фудбалерите од Козле беа убедливи против бардовчани и веќе по првото полувреме обезбедија солидна предност од 4:1. Во тимот на „Владо Тасевски”, одлично функционираше нападот и средниот ред, а во второто полувреме нивната одбрана беше само еднаш „матирана” и во продолжение успеаја натпреварот рутински да го доведат до крај,  со конечен резултат од 4:2.

На денешното финале присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој во оваа пригода на основците им ги врачи дипломите за учество и победничкиот пехар на овогодинешните освојувачи на Купот.