дома Актуелно ОРБАН СО ЧЕСТИТКИ ДО ГРУЕВСКИ: Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ и...

ОРБАН СО ЧЕСТИТКИ ДО ГРУЕВСКИ: Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е незаменлива на македонската политичка сцена!

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат од сите страни. Поддршка и пофалби за мирно и демократски спроведените предвремени избори, како и поддршка за претстојниот период.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан со писмо му ја честиташе победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Резултатите од вчерашните избори јасно покажаа дека вашата партија и понатаму е незаменлива на македонската политичка сцена, напиша Орбан.