дома Македонија ПАТРИОТИТЕ НА СУД, ПРЕДАВНЦИТЕ НА ВЛАСТ: Одложено првото рочиште на кое требаше...

ПАТРИОТИТЕ НА СУД, ПРЕДАВНЦИТЕ НА ВЛАСТ: Одложено првото рочиште на кое требаше да се судат патриоти

Заврши денешниот обид за судење на патриотите кои на 27.април кои се обидоа да го спречат државниот удар кој во Собранието го направи СДС и ДУИ, назначувајќи го Талат Џафери како спикер

На судењето беа останати осуммина обвинети за учество во толпа: Димче Христовски, Данилчо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков, Марјан Стојановски, Виктор Настев, Александар Стојчев и Мирче Цветановски. На судењето дојдоа и над 20 оштетени, главно повредени припадници на собраниското обезбедување и припадници на специјалните полициски сили.

Истото е одложено поради отсуство на Ангеле Зафировски, инаку повозрасен човек болен од рак.

Патриотите се товарат за учество во толпа, дело за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Стотина поддржувачи утринава во знак на револт се собраа пред Кривичниот суд во Скопје денес.