дома Хроника Пет јавни oбвинители на увид по пожapот во тетовската модуларна болница

Пет јавни oбвинители на увид по пожapот во тетовската модуларна болница

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.​