дома Хроника ПОЖАР ВО КИЧЕВСКО БЕЛИЦА: Противпожарните екипи одбивале да го изгаснат пожарот –...

ПОЖАР ВО КИЧЕВСКО БЕЛИЦА: Противпожарните екипи одбивале да го изгаснат пожарот – не гаснеле шумски пожари навечер!

Голем пожар се шири над Кичево во шумата во Белица, а надлежните органи одбивале да дојдат на лице место и да ја запрат огнената стихија, информираат за Инфомакс.мк мештаните кои на својата ФБ страница објавија и видео снимки

Од противпожарната единица ги информирале дека тие не гаснеле шумски пожари навечер, а теренот бил непристапен дури и преку ден, иако огнот е непосредно до локалниот пат.

Во Белица имало три пожари, од кои еден кон беличките извори, а друг во селото Прострање.