дома Хроника ПОЖАР ВО НЕУРОМЕДИКА: Штетата сѐ уште не е утврдена

ПОЖАР ВО НЕУРОМЕДИКА: Штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата Неуромедика во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на Град Скопје, пожарот избувнал во 2,53 ноќеска во машинското одделение на Неуромедика на улицата Јордан Мијалков во Скопје.

Пожарникарите интервенирале на терен до 4,15 часот изутринава.

Според првичните информации од Пожарна, опожарени се 10 метри квадратни, а материјалната штета сѐ уште не е утврдена. На терен било интервенирано со две возила и пет пожарникари.