дома Занимливости Позната е по бурниот живот, а сега ќе заработува од тоа: Линдзи...

Позната е по бурниот живот, а сега ќе заработува од тоа: Линдзи започнува со ријалити шоу кое ќе се снима во ноќниот клуб кој го купила во Миконос

Линдзи Лохан после скандалите поврзани за нејзиниот приватен живот одлучила да направи сопствено ријалити шоу. Познатата холивудска глумица и пејачка откри дека отворила ноќен клуб во кој потоа ќе се одвива снимањето на ова шоу.

Имено, таа е позната по бројните скандали, а како што делува, своите луди забави планира да ги уновчи.

“Поминав низ сешто во животот. Моите излегувања во клубовите секогаш ме доведуваа во проблеми и зошто да не отворам мој клуб?”, изјави таа за странските медиуми.

Така дошла до идеја да започне со снимање на ријалити шоу, а клубот го отвори во Грција на популарниот остров Миконос. Во новото ТВ шоу кое го најави, полуголи шанкери и хостеси ќе бидат кандидатите кои ќе се натпреваруваат за да станат дел од нејзиниот тим.

Извор:кармин