дома Европа ПОЛИТИЧАР ЗА ПРИМЕР:Со нискобуџетен лет и без обезбедување

ПОЛИТИЧАР ЗА ПРИМЕР:Со нискобуџетен лет и без обезбедување

Вистински хит на социјалните мрежи стана фотографијата од канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, кој е фотографиран во авион на нискобуџетен лет од Барселона за Виена. Еден Хрват на социјалните мрежи испрати порака и до политичарите од неговата држава, а може да се кажа и за политичарите од целиот регион.

Фејсбук статус на Никола Грубишиќ:

И така јас синоќа на лет од Барселона за Виена, патувам со нискобуџетна компанија, кога влегува некоја позната фаца – гледам децата се фотографираат со него, возрасните се поздравуваат, ја прашува стјуардесата кој е, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Значи австрискиот канцелар уредно чекаше со сите останати патници нискобуџетен лет, кој доцнеше два часа, седна во економска класа, без делегации, обезбедување и останатите работи без кои нашите политичари не можат до тоалет.

И потоа повлечи паралела меѓу политичарите кои помислиле дека се Богови, сите по ред од Санадери, Видошевиќи, Милановиќи, Колинди, Пленковиќи и други…