дома Локално ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРЕВЗЕМА РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ: Ќе утврдува како „пираните“ дојдоа...

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРЕВЗЕМА РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ: Ќе утврдува како „пираните“ дојдоа во Дојранското Езеро

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, не негира дека во Дојранското Eзеро се пуштени риби кои може да го загрозат здравјето на луѓето и додава дека „некој цело лето води хајка против Дојран за да ù наштети на туристичката сезона и на локалната власт“.

Медиумите денеска со огромна брзина ја споделија информацијата дека од Дојранското Eзеро се извлечени несвојствени риби, кои се или личат на пирани и дека некој од рибарите дури бил и каснат.  Хидро-биолошкиот завод во Охрид , каде што бил испратен примерок, потврдил дека станува збор за видот „Амазонски Паку“, аквариумски вид сличен на пираната.
Енциклопедиите велат дека „паку“ е заедничко име за неколку видови „сештојадци“ кои живеат во јужно-американските слатки води кои се во сродство со пираните, но наместо остри заби имаат вилица слична на човечката. Дојранските власти се надеваат дека во езерото се пуштени мал број примероци, кои во водата не можат да преживеат подолго време. Случајот е пријавен во полиција.