дома Социјални Мрежи ПОНЕДЕЛНИК, ЛЕТО ЦРПНАТО 2018-ТА: Македонски премиер за прв пат во историјата баци...

ПОНЕДЕЛНИК, ЛЕТО ЦРПНАТО 2018-ТА: Македонски премиер за прв пат во историјата баци пенкало на НАТО

На судијата Владимир Панчевски повторно му пукна филмот од актуелните случувања во државата. Тој еден од првите жртви на режимот кој го воспостави Заев и СДСМ. Панчевски сатирично и со огромна доза на голема иронија ги коментираше актуелните случувања во држата. Тој вели дека Македонија за кратко време стана прва и единствена земја во светот во која државен празник се слави во странство.

– Понеделник 06 Август лето црпнато 2018-та МАКЕДОНИЈА ПРВА и ЕДИНСТВЕНА
-Македонија е прва држава во која државен празник славиме во странство
-Македонски премиер за првпат во историјата баци пенкало на НАТО
-Македонија прва во свет “тендер” (нежна) држава кон парите на граѓаните
-Македонија држава со најлуксузни возила во слободно располагање на граѓаните
-Македонија прва држава која го докажа тероризмот и говорот на омраза кај патриотите
-Македонија прва држава во која малцинството владее и се му е дозволено
Има и многу други работи во кои сме први, за жал само во спортот не не бива! , вели Панчевски во својот статус на Фејсбук.