Очигледно власта ја заборави паролата нема правда, нема мир, а двојните аршини на судство и обвинителството станаа модус операнди на нивното функционирање. Имено за случувањата на Мечкин Камен, кога високи државни функционери беа исвиркани, обвинителството експресно отвори истрага, а двајца битолчани веќе се осомничени за ширење на говор на омраза.
Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.
Додека политичките неистомисленици на владата на Заев ревносно се прогонувани од државните органи, носител на државна функција им посакува смрт и за него нема никакви последици. Во текот на вчерашниот ден социјалните мрежи зовреа поради Фејсбук статусот на Аднан Џаферовски, директор на Агенцијата за заштита и спасување кој им посака смрт на сите полтички противници на СДСМ и договорот за промена на името. Во моменов тој го има избришано својот статус, но постојат доволно скриншоти и докази за обвинителството да превземе мерки против него.