дома Локално ДОЈДЕ ЖИВОТОТ И ЗА КУРТО: Градоначалникот на Шутка ќе набавува луксузни возила

ДОЈДЕ ЖИВОТОТ И ЗА КУРТО: Градоначалникот на Шутка ќе набавува луксузни возила

Актуелниот градоначалник на Шутка, Курто Дудуш ќе остане запаметен во јавноста по скандалозната изјава која ја имаше пред ромите во неговиот општински комитет, неколку дена откако СДСМ ја превзема централната власт во Македонија. Тој на ромите им најави дека членската на СДСМ ќе стане нова лична карта, која ќе носи бенефиции во секоја државна институција.

Но скандалите околу новопечениот политичар и градоначалник не завршуваат тука. Имено тој ќе набавува две луксузни возила „Citroen C3 Feel“ и „Citroen C4 Catcus Feel“ во вредност од 32 илјади евра. Додека состојбата со хигиената во општината е катастрофална, улиците ископани, и останати проблеми кои лично ги засегаат граѓаните тој ќе се луксузира со парите на граѓаните. Покрај стандардната опрема Дудуш барал возилата да имаат и дополнителна опрема која за службено возило воопшто не е потребна и во најмала рака е уште непотребен луксуз и изблик на хедонизам.