дома Локално ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Во Скопје има неверојатни 10.000 кучиња скитници кои ги напаѓаат...

ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Во Скопје има неверојатни 10.000 кучиња скитници кои ги напаѓаат скопјани – властите немаат решение

Состојбата со уличните кучиња во Град Скопје е плод на слаба грижа за кучињата и за состојбите во однос на стационарот „Вардариште“, изјави денеска советникот во Град Скопје Васко Лазаревски. Според него, по скопские улици и паркови се шетаат помеѓу 8 и 10 илјади кучиња скитници.

Од почетокот на оваа година во Град Скопје се заловени околу 700 улични кучиња и сите се третирани по принципот залови, стерилизирај и врати на место. Бројот на кучиња се проценува дека е од осум до десет илјади. Тоа е резулат на тоталната негрижа и лошиот однос кон одговорното сопствеништвото на домашните кучиња во Град Скопје. Новата градска администрација го почнува нов процес, и се надеваме дека ќе придонесе кон што поодговорно однесување кон кучињата, заклучува Лазаревски.