дома Сцена После разводот ја објави својата нова љубовна врска: Познатата актерка ужива со...

После разводот ја објави својата нова љубовна врска: Познатата актерка ужива со милијардер

Пред само два дена актерот Џони Деп и актерката Амбер Хард официјално се разведоа.

Уште денес светските медиуми пишуваат за новата љубовна врска на актерката. Убавата актерка наводно е во врска со американскиот бизнисмен Илон Маск.

„Амбер е пресреќна што разводот е финализиран, но уште посреќна е поради тоа што може јавно да ја официјализира врската со Илон. Во текот на празниците зборуваше со пријателите, колку многу и се допаѓа. Веќе има нови планови и среќна е што може да продолжи со животот“ – изјави извор за „The Mirror”.

Како што се наведува, Илон подолго време се обидувал да дојде до преубавата актерка, дури успеал на договори и состанок на кој таа не се појавила. Сепак, тој не се откажал и без оглед на тоа што актерката била во брак, се обидувал да стапи во контакт со неа.

Изгледа дека конечно успеал. Инаку, богатството на бизнисменот се проценува на 11 милијарди долари.