дома Занимливости ПОСЛЕ РАСКИНУВАЊЕТО СО ЕМИНА:Турскиот милијардер во нова љубовна романса!

ПОСЛЕ РАСКИНУВАЊЕТО СО ЕМИНА:Турскиот милијардер во нова љубовна романса!

Бизнисменот Садетин Саран неодамна ја раскина врската со пејачката Емина Јаховиќ, а турските медиуми на големо го поврзуваат со атрактивната Метиша Шефер, со која неодамна започна романса.

Емина Јаховиќ во два наврата ја прекинуваше врската со Садетин Саран, а сега се чини дека тој веќе ја заборавил Емина, па среќата ја пронашол крај убавата Метиша.

Турските медиуми тврдат дека меѓу Метиша и Садетин се родила љубов, а јавноста одамна е запознаена со неа, поради неверојатната сличност со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Метиша е модел, а на Инстаграм ја следат преку милион луѓе.