дома Русија ПОТРАГА И ТОТАЛНО УНИШТУВАЊЕ: По нападот на Руската база во Сирија, засилени...

ПОТРАГА И ТОТАЛНО УНИШТУВАЊЕ: По нападот на Руската база во Сирија, засилени мерки на безбедност од страна на руската армија!

Сириската војска го засили обезбедувањето на руската авио-база Хмејмим по гранатирањето од минофрлач на 31. декември, соопштува извор од Министерството за одбрана на Русија, пренесува Спутник

„Сириските органи за безбедност ќе трагаат и ќе ги уништат милитантите вмешани во нападите, а воедно е засилен и режимот на обезбедување на територијата околу авио-базата“, соопштил изворот од министерството за одбрана на Русија.

Извор на телевизијата РБК соопштил дека зоната околу Хмејмим по гранатирањето е исчистена и проширена, а ќе ја чуваат Руски наместо Сириски војници.

Утрината на 31. декември беше изведен напад на авио-базата Хмејмим во кој загинале двајца руски војници.

Тоа не е единствен напад на руската авио-база. Во претходен напад, противвоздушниот ракетно-топовски комплекс „Панцир-С1“ пресретна две ракети, лансирани од страна на милитантите на „Сириската слободна војска“.