дома Свет Потpecна фотографија од медицинска сестра во Бејрут која во раце држи три...

Потpecна фотографија од медицинска сестра во Бејрут која во раце држи три новороденчиња го заобиколи светот

Фотографот Билал Јавиќ снимил млада медицинска сестра која во рацете држи три новородени бебиња во рацете, опкружени со урнатините, скршено стакло, во исто време обидувајќи се да воспостави телефонска врска и да испратат апел за помош до нејзините колеги, лекари и пациенти.

„После 16 години фотографирање за медиумите и многу војни … Можам да кажам само дека немам видено ништо како ова денес, особено пред болницата„ Рум “… Оваа хероина ги завитка и ги чуваше во болница , обидувајќи се да воспостави контакт за помош и покрај тоа што комуникацијата беше прекината, со три новороденчиња во рацете, опкружени со десетици тела и повредени “, напиша авторот на фотографијата на својот Фејсбук.

Истата болница, која работи од 1902 година и се грижи за најмалку 350.000 пациенти годишно, сега , по невидена катастрофа што го погоди Бејрут, мака мачи со недостаток на крвни единици.

Според последните информации, експлозијата однесе 100 животи, а повеќе од 4.000 се повредени.