дома Хроника Почина момчето прегазено кај Петровец

Почина момчето прегазено кај Петровец

Деветнаесет годишниот Х.К. од населбата Гоце Делчев на 1-ви месецов им подлегнал на тешките повреди кои ги здобил во сообраќајна несреќа случена на 20-ти минатиот месец.

Од полицијата информираат дека момчето починало на КАРИЛ.  Несреќата се случи во населбата Гоце Делчев на локалниот пат кон село Петровац.

Управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, Ј.Д.(54)  удри во велосипедистот Х.К.(19).

Х.К. со Брза помош итно бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде десетина дена подоцна им подлегнал на повредите.