дома Македонија ПОЧНАА ЗАКАНИТЕ ОД СОРАБОТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ:Не гарантирам коректност на Албанците ако пропадне...

ПОЧНАА ЗАКАНИТЕ ОД СОРАБОТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ:Не гарантирам коректност на Албанците ако пропадне референдумот (ВИДЕО)

Советникoт на премиерот Заев и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани во дебатна емисија на Алфа ТВ вели дека искажува личен став, а не предупредување, но инсистира на искреност.

– Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ, може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани за емисијата Отворено на Алфа ТВ со Искра Коровешовска.

Рамадани бара тие што се против договорот и референдумот да кажат што ќе се случува ако тие не поминат и очекува никој да не се игра со емоциите на граѓаните.

Исмет Рамадани е надворешен соработник на премиерот Заев за подготовка, анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО. Оваа изјава на Рамадани може да ја слушнете од 61. минута од емисијата.