дома Македонија ПО ГУМИТЕ, СТИГНАА И ЧИЗМИТЕ: Радмила Шекеринска прими пратка од 7.200 војнички...

ПО ГУМИТЕ, СТИГНАА И ЧИЗМИТЕ: Радмила Шекеринска прими пратка од 7.200 војнички чизми

Сите припадници на Армијата на Република Македонија од денеска ќе добијат нови чизми. Во касарната „Илинден” пристигна целосната пратка од 7.200 чифта.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со воениот врв во АРМ денеска во касарната најави дека до април очекува да пристигне и новата униформа за сите македонски војници, односно 14.000 парчиња, по две за секого.

Таа во изјава за медиумите најави околу 11 милиони евра за модернизација на специјалните сили на Армијата. Во април ќе бидат испорачани и 14.000 униформи односно по две за секој припадник на АРМ.

Министерката Шекеринска пред презентазијата на опремата имаше средба со првите луѓе на Полкот за специјални операции на АРМ на која, како што рече, била информирана за потребите и проблемите со кои се соочуваат како и за сработеното во минатиот период. Министерката Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други генерали во АРМ имаа неформална средба и брифинг со новинарите на која военото раководство претставувано од НГШ Ѓурчиновски изрази голема благодарност до министерката за нејзиното несебично залагање за Армијата и за незините припадници.