дома Политика ПО 10 МЕСЕЦИ, ИЗГЛАСАН ПРВИОТ РЕФОРМСКИ ЗАКОН: Законот за заштита на сведоци...

ПО 10 МЕСЕЦИ, ИЗГЛАСАН ПРВИОТ РЕФОРМСКИ ЗАКОН: Законот за заштита на сведоци денес беше донесен во собраниска процедура

Законот за заштита на сведоци, предложен од Владата, беше изгласан со 86 гласа „за“.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, образложи зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат овој закон.

-Согласно предлозите кои ги давовме, вкупно 11 на број од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се направи интервенција во постоечкиот закон и можеме да кажеме дека правдата е задоволена. Ваквиот закон можеби не е идеален, но е подобар од оној што беше предложен на почетокот од страна на СДСМ – рече Стаменковска.

Немаше гласови против и воздржани гласови по однос на овој закон, кој беше неколку пати во минатото побаран од Специјалното јавно обвинителство.

Седницата беше закажана во 11.00 часот, но почна во 14.15 часот.