дома Актуелно ПРЕСВРТ ВО ФРАНЦИЈА: Марин Ле Пен води со 24.3% наспроти Макрон со...

ПРЕСВРТ ВО ФРАНЦИЈА: Марин Ле Пен води со 24.3% наспроти Макрон со 22.28% според МНР на Франција!

Претседателката на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен води во првиот круг на изборите за претседател на Франција, се првите прелиминарни податоци на Министерството за надворешни работи на Франција

По 44.89% од преброените гласови, Ле Пен освоила 24.3% од вкупниот број на гласови, додека на второ место е Емануел Макрон со 22.28%.

На трето место е Франсоа Фијон со 19.6%.

Тоа воедно значи дека Макрон и Ле Пен, според прелиминарните податоци, одат во втор круг претседателски избори.

Ле Пен по првата објава на резултатите изјави дека пред Французите во моментот стои избор – или бираат земја со заштитени граници или држава во која можат да влезат терористи.

Од друга страна, Макрон рекол дека денес Франција врти нов лист во политичкиот живот на земјата.,