дома Хроника ПРЕТЕПАНО МОМЧЕ ВО АВТОБУС НА ЈСП: Поголема група натепале 21-годишник во „57-ца“

ПРЕТЕПАНО МОМЧЕ ВО АВТОБУС НА ЈСП: Поголема група натепале 21-годишник во „57-ца“

Во 01,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 21-годишниот Д.С. пријавил дека на улицата „Цветан Димов“, додека се возел во автобус на ЈСП бр.57, бил физички нападнат од страна на повеќе лица.

Откако другите патници почнале да викаат на глас напаѓачите се симнале од автобусот и избегале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.