дома Македонија ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЕНДРУ ПЕЈЏ: Директорот за...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЕНДРУ ПЕЈЏ: Директорот за Западен Балкан во британското МНР на средба со Мицкоски

Вчера на ден 03.09.2018 година, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата оствари средба со Ендру Пејџ, Директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

На средбата се нагласија добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија како и потребата од понатамошно продлабочување на истите. Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта.

Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот.