дома Македонија ПРОДОЛЖИ ДА ПУШИШ – ЕКОЛОШКИ, НА ПРИМЕР: Александар Димитров брише под со...

ПРОДОЛЖИ ДА ПУШИШ – ЕКОЛОШКИ, НА ПРИМЕР: Александар Димитров брише под со Фрчковски!

Познаниците на Љубомир Фрчкоски немаат најпозитивно мислење за него, а меѓу нив е и Александар Димитров некогашен министер за надворешни работи на Македонија. Димитров во дневниот весник Дневник во 1999 година за Фрчкоски изјави:

– Додека јас го барав изгубениот багаж на Римскиот аеродром, ти подмолно делуваше. Се обидуваше да владееш, велат си крадел, си шверцувал и си се богател, даваше „демократски“ наредби да се пука во луѓе, организираше Бристолски баханалии… Јас и не се обидував „да те најдам“ како изгубен товар, бидејќи со оглед на вредноста, подрагоцено ми беше да се најде некој загубен куфер, макар и со валкан веш. Велосипеди, штикли, липицанери, оружје, (бело) светски теории, транспарентно растурени министерства, малку дрога, уметнички слики, прислушувани апарати, голфови, црни фондови, транспортери, песок, антика и многу други твои специјалитети – таму немаше…

Продолжи да пушиш – еколошки, на пример. Продолжи, како и досега. Со твојот и од тебе единствен можен дострел – многуфреквентна вербална дијареа, со божемна и налудничава интелектуална провиниенција.